Home » Шаќири: Дигитализацијата на учебниците ќе се реализира за пет години

Шаќири: Дигитализацијата на учебниците ќе се реализира за пет години

by Журнал.мк

Новиот министер за образование Јетон Шаќири кој претходно раководеше со Министерството за информатичко општество и администрација кое подолг период спроведува дигитализација во јавната управа, најави дека започнатата дигитализација на учебниците во образованието ќе биде процес кој ќе се реализира за пет години.

– Дигиталните учебници се предвидени за учениците од четвртто одделение па нагоре. Тоа треба да се разгледа од неколку аспекти. Првиот ќе биде содржински, односно ќе треба да се разгледа дали од досегашната реализација е задоволена содржината од програмата и учебниците, но од друга страна не треба да ја запоставиме дигитализацијата. Со оваа динамика, дигитализацијата на учебниците ќе се реализира за пет години. Ќе ја разгледаме придобивката од префрлувањето на новиот концепт на настава и ќе го имаме конечниот одговор и на ова прашање. Ќе се обидеме да го подобриме процесот на образование за разлика од претходната година со тоа што во процесот на дигитализација ќе ги вклучиме сите училишта од сите општини. Ние ќе го разгледаме образовниот процес, тие да го разгледаат делот на дигитализација, рече министерот Шаќири.

Во однос на формирањето долгорочна образовна стратегија која нема да се менува според личните ставови на секој нов министер, Шаќири објаснува дека таква постои, но истата треба да се разгледа.

– Образованието е многу важен процес. Јас од првиот ден откако стапив на функција дискутирам за формирање на долгорочна програма и стратегија за образование. Таква стратегија веќе постои и се однесува на периодот 2018-2025 година, но истата стратегија треба да се разгледа. Во неа ќе вклучиме есперти од сите страни, како од власта така и од опозицијата, за да може да биде сеопфатна и да има законски основ да биде долгорочна. Тоа во следниот период ќе го разгледаме од правен аспект. Тоа значи дека без разлика на министерот за образование, стратегијата ќе биде долгорочна и сите ќе имаат обврска да ја спроведуваат истата. Јас сакам во таа стратегија да се вклопи и новиот концепт за основно образование и реформите во средното и високото образование. Ова е сложен процес кој за почеток треба да биде ставен на тематска седница на Влада, објаснува министерот за образование.

Новиот концепт на основно образование во 2021-22 започна со реформи за прво и четвртто одделение, другата учебна година реформите ќе бидат за второ и петто одделение.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More