Home » Севернокорејска министерка: Ќе ѝ помагаме на Русија до победа во Украина

Севернокорејска министерка: Ќе ѝ помагаме на Русија до победа во Украина

by Журнал.мк

Северна Кореја ќе ја поддржува Русија додека не постигне победа во војната во Украина, изјави во петокот севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи во разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Нашите традиционални, историски пријателски односи, кои го поминаа тестот на историјата, се издигнуваат на ново ниво на односи на непобедливо воено другарство“, му рече министерката на Лавров, пофалувајќи ја улогата што во тој потфат ја одиграа претседателите Ким Џонг Ун и Владимир Путин.

Таа додаде дека Пјонгјанг не се сомнева дека под „мудрото водство“ на Путин, руската војска и народ „ќе постигнат голема победа во својата света борба за заштита на суверените права и безбедносните интереси на државата“.

„И, исто така, ќе гарантираме дека цврсто ќе стоиме покрај нашите руски другари се до победата“, рече Чое Сон Хуи.

Лавров зборуваше за „многу блиски врски“ меѓу војските на двете земји, што ќе им овозможи заеднички да решаваат важни безбедносни задачи.

Никој од нив не ги спомна изјавите на САД, НАТО, Јужна Кореја и Украина дека Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека околу 8.000 од нив се испратени во областа Курск, која беше нападната од украинските сили на почетокот на август и дека се очекува наскоро да се приклучат во борбата против Украина.

Лавров изрази „длабока благодарност до корејските пријатели за нивниот принципиелен став за настаните што се случуваат во Украина како резултат на ширењето на НАТО кон исток и охрабрувањето на неприкриено расистичкиот режим да искорени сè што е руско“.

Чое смета дека двете земји мора да продолжат да ги продлабочуваат односите, според договорот потпишан во јуни.

Тоа е Договор за стратешко партнерство меѓу Руската Федерација и ДНРК, кој има за цел да игра стабилизирачка улога во североисточна Азија.

Чое, исто така, ги обвини САД и Јужна Кореја дека подготвуваат нуклеарен напад врз нејзината земја и дека ситуацијата на Корејскиот полуостров може да стане „експлозивна“ во секој момент.

Затоа, таа му повтори на својот колега Лавров дека нејзината земја мора да го зајакне својот нуклеарен арсенал и да ја усоврши подготвеноста да возврати со нуклеарен напад, доколку тоа се покаже неопходно.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk