Home » Северна Кореја: Тестиравме „супер моќна“ ракета

Северна Кореја: Тестиравме „супер моќна“ ракета

by Журнал.мк

Државните медиуми во Северна Кореја вчера објавија дека Пјонгјанг тестирал нова интерконтинентална балистичка ракета, Хвасонг-19 ICBM, која властите во земјата ја опишаа како ново „супермоќно ударно оружје“ и за која велат дека е конечна и целосна верзија.

Северна Кореја го изведе она што се чинеше дека е нејзино најдолго тестирање на ICBM, откако Јужна Кореја предупреди дека Пјонгјанг може да побара ракетна технологија од Русија во замена за распоредување на нејзините војници за помош во војната во Украина, објави Ројтерс.

Севернокорејската државна новинска агенција KCNA пренесе дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун лансирањето на ракетата го нарекол комплетно успешно и покажува дека неговата земја обезбедила доминантна позиција во развојот на нуклеарната енергија, процес кој, според него, е неповратен.

Ким Џонг Ун додаде дека „ништо нема да ја промени“ политиката на земјата за зајакнување на нејзините нуклеарни капацитети.

Ракетата прелета растојание од нешто повеќе од 1.001 километар за 5,1 секунда пред да слета во морето во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров, според извештајот на КЦНА.

Лансирањето на проектилот во четвртокот наиде на осуда од Јужна Кореја, Јапонија и Соединетите држави, бидејќи загриженоста се зголеми по веста дека Северна Кореја, наводно, испратила илјадници војници во Русија за да ја поддржи Москва во нејзината војна во Украина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk