Home » Северна Кореја продолжува со тестирања – лансирани две балистички ракети

Северна Кореја продолжува со тестирања – лансирани две балистички ракети

by Журнал.мк

Северна Кореја денеска од аеродромот во Пјонгјанг истрела два проектили за кои постои сомневање дека се балистички ракети со краток дострел (СРБМ).

Ова е, како што беше проценето, четврти тест овој месец, како дел од напорите на Пјонгјанг да демонстрира растечки ракетен арсенал, оценува „Ројтерс“. Јапонија, исто така, го објави лансирањето, а главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно ги осуди последните дејствија на Пјонгјанг како закана за мирот и безбедноста.

„ Денеска две ракети SRBM беа истрелани источно од аеродромот Сунан во Пјонгјанг“, се вели во соопштението на Здружениот штаб на Јужна Кореја (JCS).

Истреланите ракети поминаа околу 380 километри до максимална височина од 42 километри, се вели во соопштението на JCS. Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши рече дека проектилите паднале во океанот во близина на источниот брег на Северна Кореја. Киши им рече на новинарите дека континуираното лансирање на севернокорејски балистички ракети е сериозен проблем за меѓународната заедница, вклучително и Јапонија.

Индо-пацифичката команда на американската војска соопшти дека лансирањето не претставува непосредна закана за САД или нивните сојузници, но дека овие лансирања на проектили го нагласуваат дестабилизирачкото влијание на нелегалното оружје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk