Home » Северина приведена на српска граница, била испрашувана во полиција поради контроверзни изјави

Северина приведена на српска граница, била испрашувана во полиција поради контроверзни изјави

by Журнал.мк

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ била приведена на границата со Србија, а откако била ослободена решила да се врати во татковината.

Според тамошните медиуми, Северина била приведена вчера на границата со Србија, по што полицијата ја спровела редовната постапка, како и за сите чии изјави српските државни органи ги оценуваат како сомнителни, дознава „Блиц“.

На пејачката набрзо и бил дозволен влез во Србија, но сепак таа решила да се врати во Хрватска.

На некои од колегите на пејачката како Селма Бајрами, Јадранка Барјактаревиќ и Садик Хасановиќ претходно им беше забранет влез во Србија поради навреда и изведување националистички песни.

Хрватски „Јутарњи лист“ го впери прстот кон Александар Вучиќ, практично обвинувајќи го за апсењето на хрватската пејачка.

Имено, во текстот објавен на овој портал пишува: „Што би можело да биде причината за ова привремено лишување од слобода? Можеби тоа што Северина силно го критикува самоволието на Вучиќ во Србија и ги поддржува граѓанските протести во Србија?“ стои во овој текст.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More