-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Северина објави приватна фотографија и испрати значајна порака

Најчитани вести

Откако загрепскиот суд го додели старателството над нејзиниот син Александар на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, Северина Којиќ драстично се повлече од социјалните мрежи. Престана да споделува фотографии и информации од приватниот живот, а нејзините фанови можеа да следат како изгледатурнејата Magic Tour, која ја заврши со концерт во Љубљана минатиот викенд.

Сепак, сплитската пејачка го прекина молкот, со цел да им го честита Божик на своите фанови.

„Верувајте со целото срце во добро и добро ќе биде. Ви посакувам среќен Божик полн благослови“, порачала.

Истиот ден кога беше донесена одлуката, Северина мораше да го предаде синот на таткото. Според судот, таа има право да го гледа два пари неделно и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер. Освен тоа, детето со неа ќе ги поминува католичките празници.

Поповиќ, во разговор за Index.hr, нагласил дека нема намера да го носи детето во Србија и дека тој нема српски пасош.

„Српскиот пасош кој го имаше истече пред три години, а нов нема. Ова е спин, инсинуација со која сака да се создаде слика дека јас сакам да го оснесам детето надвор од Хрватска“, рекол и додал:

„Александар ќе остане во Загреб и тука ќе оди во школо“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести