Северина на „Инстаграм“ објави серија фотографии со блиски луѓе.
„Лето, II дел. Мама и моите…“, напиша таа заедно со објавата, на која се издвојува фотографијата со мајка ѝ Ана. На албумот има и фотографии со синот Александар, пријателите и најблиските колеги, внуката Миа и многу други. Таа објави и спомени од одморот на островот Врник, каде што сега традиционално летува.
Северина е многу блиска со мајка си Ана. „Била во кома пет месеци откога ме родила, но вели дека вредело“, открила пејачката еднаш за својата мајка.
„Помина низ тежок живот со неподнослива леснотија на егзистенција. Ме бодреше, беше покрај мене кога беше најтешко, нејзината смеа ме излекува. Таа е мајка на сите мои пријатели, несебично споделуваше сѐ, но, пред сè љубов. Мамо, среќна сум што ме роди, ти си мајка на мајките и мојата кралица“, напиша еднаш Северина.
Ана застана во одбрана на Северина по конфликтот помеѓу пејачката и сестра ѝ. Медиумите потсетуваат дека инцидентот се случи во 2022 година кога Северина на аеродромот ја пречека полицијата откако сестра ѝ пријавила дека ѝ нанела повреди.
Сестрите наводно се судриле за имот, а пејачката добила повреди. Мајката тогаш застана во нејзина одбрана и изјави дека сестра ѝ Маријана „си игра сама“ и дека ова не е првпат да ја пријави сестра си.