Home » Сестрата Росица со повик за утрешниот протест за правда за Фросина

Сестрата Росица со повик за утрешниот протест за правда за Фросина

by Журнал.мк

Сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, Росица, ја објави агендата за утрешниот најавен граѓански протест на кој како што вели ќе се бара правда за Фросина.

Таа во денешносо соопштение потенцира дека станува збор за граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука!

– Денес официјално се приклучив кон иницијативата “Кој е следен” како претставник на целото наше семејство и гласноговорник за Фросина. Да нема забуни, манипулации и политизирање! Нешто што ние од првиот ден го бараме!, се вели во повикот

16.30ч пред Универзална Сала.

Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем.

17.00ч пред Влада ( извршна власт)

Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.

Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата!

17.45ч пред Собрание (законодавна власт)

Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.

18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт)

Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти!

Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен

Се гледаме утре пред Универзална во 16.30!

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk