Home » Сертификатот за прележан ковид ќе трае 180 дена, но сертификатите за вакцинација нема да се укинат

Сертификатот за прележан ковид ќе трае 180 дена, но сертификатите за вакцинација нема да се укинат

by Журнал.мк

Ковид сертификатот по прележана болест наместо сегашните 45 да трае 180 дена, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест, предлага Комисијата за заштита од заразни болести. Но, во Комисијата не се размислува за укинување на сертификатите за вакцинација.

На денешната седница на Комисијата, како што беше кажано на прес-конференцијата, донесени се неколку препораки, вклучувајќи го и продолжувањето на важноста на сертификатите за прележан ковид. Исто така се разговарало за извештајот на ИЈЗ и анализата покажала дека во периодот од 1 до 31 јануари годинава починале шест лица кои имале примено три дози вакцина и сите биле со коморбидитети, односно карционом, дијабет, кардио-васкуларни болести и обезност.

Комисијата препорачува и упатствата за лекување на ковид изработени од работна група при Министерството за здравство да бидат објавени на сајтот на Министерството и на Лекарската комора а потоа да бидат испратени до матичните лекари и ковид центрите за да се олесни достапноста. Четвртата препорака се однесува на учениците при што дел од достапните тестови ќе се користат за проценка на преносливоста на вирусот во училишни услови, а дел за „тестирајте се за да останете во училиште“. Тоа значи дека ќе се тестираат учениците кои биле изложени на вирусот каде што имало позитивни соученици.

Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека е рано за укинување на сертификатите за влез во затворен простор, бидејќи тоа во моментов не го дозволува епидемиолошката состојба, односно имаме голема трансмисија.

„Ако ги укинеме сертификатите за затворен простор ќе направиме голема трансмисија на вирусот. Во земјите каде сертификатите се укинати, како Данска и Велика Британија, вкупниот имунитет од вакцинација е многу поголем. Во Данска е вакцинирано 85 отсто од населението, во Велика Британија 80 проценти, а кај нас двојно помалку околу 40 отсто. Не може да ги гледаме работите индивидуално, мора да видиме каква е епидемиолошката состојба кај нас и да носиме одлука“, рече Мехмедовиќ.

Комисијата смета дека не треба да укине ниту носењето на маски во училиштата.

На денешната прес-конференција беше кажано дека целосно вакцинирање значи примени три дози и најавено беше промовирање на вакцинацијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More