Home » Сериите „Наследници“ и „Мечка“ со најмногу „Еми“ награди

Сериите „Наследници“ и „Мечка“ со најмногу „Еми“ награди

by Журнал

Сериите „Наследници“ и „Мечката“ се големите победници на церемонијата на доделувањето на „Еми“ наградите во Лос Анџелес, со по шест награди. „Наследници“, кои водеа со 27 номинации, ја добија престижната награда за најдобра драмска серија.

„Мечката“ освои „Еми“ за извонредна хумористична серија, како и во уште пет други категории. Наградата за најдобра лимитирана серија ја доби „Биф“.

Во категориите најдобар актер и актерка во драмска серија, наградени беа Киеран Калкин за улогата во „Наследници“ и Сара Снук за улогата во истата продукција.

Статуетките за најдобар актер и актерка во хумористична серија ги добија Џереми Ален Вајт за „Мечката“ и Кинта Брансон за „Основното училиште Абот“.

Али Вонг беше прогласена за најдобра актерка во лимитирана серија или ТВ филм за нејзината улога во „Биф“. Во соодветната машка категорија, наградата му припадна на Стивен Ајон за неговиот настап во истата продукција.

Ебон Мос-Бакрак ја освои најдобрата машка споредна улога во комедијата „Мечката“, а Ајо Едбери ја освои најдобрата споредна женска улога за нејзината улога во истата комедија.

Наградите за споредна женска улога во драмска серија им припаднаа на Метју Макфадјен за неговата улога во „Наследници“ и Џенифер Кулиџ за нејзината улога во „Белиот лотос“.

Доделувањето на наградите „Еми“ беше одложено за четири месеци поради штрајкот на холивудските писатели и актери. Наградите се сметаат за телевизиски „Оскари“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More