Home » Сепаратистичкото Придњестровје ја одби помошта од ЕУ за снабдување со гас

Сепаратистичкото Придњестровје ја одби помошта од ЕУ за снабдување со гас

by Журнал.мк

Придњестровје, проруски отцепен регион на Молдавија, ја отфрли понудата на Европската унија од 60 милиони евра помош за снабдување со природен гас, стравувајќи дека Москва ќе ја изгуби контролата врз територијата, објави денеска молдавската влада.

„Русија не им дозволува да прифатат европска помош од страв да не ја загубат контролата врз овој регион“, објави на Фејсбук молдавскиот премиер Дорин Речеану и појасни дека главното оправдување за одбивањето на помошта од Европската унија е условот за постепено зголемување на потрошувачките цени.

Жителите на Придњестровје, лоцирани во Молдавија на границата со Украина и со кои владеат проруски сепаратисти, останаа без греење од 1 јануари, кога прекина снабдувањето со руски природен гас.

Испораките на природен гас продолжија на почетокот на февруари благодарение на обезбедувањето помош од 30 милиони евра од Европската унија, која беше продолжена до 10 февруари.

Европската унија предложи дополнително снабдување со енергија за Придњестровје во вредност од 60 милиони евра, условено со спроведување мерки за подобрување на состојбата со човековите права и основните слободи.

Условите што ги поставува Европската унија вклучуваат постепено зголемување на цените на великодушно субвенционираните енергенси, водата и парното, појасни Дорин Речеан.

Проруските власти во регионот не ја коментираа понудата на Европската унија.

Придњестровје се отцепи од Молдавија по краткиот конфликт во 90-тите и оттогаш руски воени сили се стационирани на нејзина територија. Регионот со децении имаше корист од снабдувањето со евтин руски природен гас за греење и за производство на електрична енергија што ја продаваше на остатокот од Молдавија.

Поточно, Русија преку Украина ја снабдуваше Молдавија со 2 милијарди кубни метри годишно. Рускиот природен гас беше канализиран во Придњестровје, кое ги покриваше нејзините енергетски потреби, а потоа го продаде на остатокот од Молдавија.

Москва ги обвинува Молдавија и Украина за енергетската криза во Придњестровје, додека Кишињев ја обвинува Русија.

„Газпром“ на 1 јануари го запре извозот на гас во Придњестровје, наведувајќи го долгот од 709 милиони долари кон Молдавија, долг што Кишињев не го признава.

Во исто време истече договорот со Украина за транзит на руски природен гас преку украинска територија и Киев не го обнови.

Молдавија го обвинува Гаспром дека ги прекршил условите од договорот со тоа што одбива да транспортира природен гас преку алтернативни патишта.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk