Испразнетите села во Шпанија бараат нови жители. На стотици села им се заканува изумирање и затоа постарите жители и властите се обидуваат да привлечат млади луѓе со воведување нови технологии во земјоделството, развивање на руралниот туризам и изнајмување на напуштени куќи.
Бихуеска се наоѓа на североистокот на земјата. Во селото се регистрирани само 98 жители, но од нив всушност живеат 18. Останатите го пријавиле живеалиштето за да платат помалку за регистрација на автомобил отколку во градот каде живеат.
55-годишната Беатриз Гои е најмладата жителка на Бихуеска. Заедно со нејзиниот 60-годишен сопруг Хозе Луис поседуваат кафуле во селото.
За време на Божиќ во селото дојдоа 300 луѓе по потекло од тој крај, но сега десетици куќи повторно се празни. Бијуеска е оддалечена 45 километри од градот Сорија, а од друга страна, 45 километри од градот Калатајуд, од каде свештеникот доаѓа да одржи миса во сабота, иако понекогаш во црквата има само тројца верници. Најблискиот здравствен дом е на 25 километри.
Во септември, за време на шестмесечното претседавање со ЕУ, шпанската влада организираше конференција за иднината на руралните места во Сигуенца, село на еден час возење од Мадрид.
„Руралната депопулација е исклучително сложен проблем“, вели Игнасио Муиз, одговорен за планирање на политиките во шпанското Министерство за земјоделство.
Вели дека им требаат млади луѓе кои ќе произведуваат храна.
Од 18 жители, осум се пензионери. Началникот не живее таму, туку во друго село, па Хозе Луис е одговорен за итни случаи. Проверува дали има струја, дали работи водоводот.
Многу села во Италија бараат нови жители со стимулации. Ова се случуваше и во дел од швајцарските села.