Home » Селекторот Милевски го објави составот на фудбалери за пријателските натпревари со Хрватска и со Чешка

Селекторот Милевски го објави составот на фудбалери за пријателските натпревари со Хрватска и со Чешка

by Журнал.мк

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, 19:00 часот) во Ријека и против Чешка (10. јуни, 18:00 часот) во Храдец Кралове.

Милевски не направи драстични промени на списокот и повика играчи кои веќе претходно го носеа дресот со државниот грб.

„Во составот на македонската репрезентација се фудбалерите кои потврдија дека можат да бидат конкурентни и со најсилните европски селекции. Остануваме лојални на играчите кои одиграа одлични натпревари во вториот дел од квалификациите за Европското првенство, посебно против големите фаворити, Англија и Италија. Без разлика на формата или статусот во клубовите ќе бидат тука за главната наша цел – Лигата на нации и пресметките кои не очекуваат од септември. Двата контролни натпревари во Ријека против Хрватска и Храдец Кралове против Чешка ни се важни во подготовките за септемвриските предизвици, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Мора да поправиме и некои работи во играта ако сакаме да забележиме позитивен резултат на претстојните два меча. Мораме подобро, свесен сум за тоа. Создаваме шанси, но мораме да ја подобриме ефикасноста, повеќе да влегуваме во празен простор, да покажеме карактер. Ова се натпревари на кои мотив сигурно нема да недостасува и треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто“ – изјави Милевски.

На списокот на Милевски за двата меча се наоѓаат 27 фудбалери:

ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Валјекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ

ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија;

СРЕДЕН РЕД: Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија, Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС – Лајпциг, Германија, Исник АЛИМИ – Сепси, Романија, Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска;

НАПАД: Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905, Чешка, Дарко ЧУРЛИНОВ – Шалке 04, Германија , Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска, Лирим ЌАМИЛИ – Хвидовре, Данска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More