Home » Села смета дека Таравари треба да одговара пред органите на Алијанса

Села смета дека Таравари треба да одговара пред органите на Алијанса

by Журнал

Како претседател на Централното собрание на Алијанса за Албанците, до овој момент не сум информиран за никаква коалициска понуда со друга политичка партија, реагираше поранешниот партиски лидер Зијадин Села, откако актуелниот лидер Арбен Таравари јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори.

„Лидерот на партијата не е тело за донесување одлуки, има право да го предложи телото кое има право да одлучува, а тоа е претседателството на партијата кое во моментов има одлука и тоа е дека Алијанса за Албанците оди сама на изборите. Следното тело за донесување одлуки е Партиското собрание“, напиша Села.

Според него, иницијалниот настап на Таравари на Фејсбук е тешко кршење на Статутот на Партијата за кој претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи, а истовремено, додава тој, тој штети на идеолошките принципи на партијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk