Home » Села повика на обединување на албанските партии, Таравари му порача: Со Ахмети да се навикнат дека се во опозиција

Села повика на обединување на албанските партии, Таравари му порача: Со Ахмети да се навикнат дека се во опозиција

by Журнал.мк

Зијадин Села во „Клик Плус“ на ТВ21 повика на обединување на албанските партии за да се спречи, како што рече, реализирањето на недобронамерните планови кон Албанците.

„Ние сме во време кога многу добро треба да размислиме какво ќе биде однесувањето, позиционирањето, не на Алијансата за Албанците, на ДУИ, Беса, ДПА или не знам кој, Демократско движење или како се вика не во однос на ВМРО, туку во однос на македонската политика. Овде треба да најдеме заеднички јазик за да спречиме во иднина да спроведуваме планови кои не се добронамерни кон Албанците, но и кон другите заедници“ рече претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Тој исто така ја коментираше изјавата на министерот за здравство Таравари, кој рече дека вработувањето нема да се врши по етничка основа. Според Села тоа е скандал, додавајќи дека албанските партии на власт ги отстрануваат Албанците од работните места, со образложение дека немаат буџет, а утредента ги заменуваат со Македонци на тие работни места.

Таравари денеска прашан за коментар за повикот на Села за обединување, рече дека Села и Ахмети треба да се навикнат во опозиција.

„Села и Ахмети пред се треба да се критични и да се навикнат на опозиција, инаку нема никаков проблем во било кое време сме подгтовени да разговараме“, рече Таравари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk