Home » Села: Опаметете се, не го допирајте албанскиот јазик

Села: Опаметете се, не го допирајте албанскиот јазик

by Журнал.мк

Заедно со овој јазик, во овие краишта, Албанците биле камења што никнале, а не од некаде фрлени. Лидерот на дел од Алијанса за Албанците му порача на премиерот Христијан Мицкоски да не чепка во албанскиот јазик.

-Кога сме на тема јазикот, долго време се најавуваше дека нема да му се наштети на албанскиот јазик, само три члена од законот се тие што ќе се отстранат. И излезе вистината, дека целиот Закон за употреба на јазиците е доведен во прашање. Тие рекоа дека овие прашања за албанскиот јазик се додека се таму нема да се чепка албанскиот јазик, но од друга страна преку уставните судии беше соопштено дека целиот закон е доведен во прашање, а не само три члена – вели Села.

Тој додава дека излегла на виделина вистината дека иницијативата за укинување на законот за употреба на јазиците била на ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа го знаат и веќе го објавиле на јавноста.

-Апел до Владата, до Христијан Мицкоски, точно е дека Уставниот суд не е во прашање, но ваша иницијатива е да се чепне албанскиот јазик. Опаметете се и не допирајте го албанскиот јазик, јазик кој, од археолошките извори и направените откритија, датира повеќе од 8 илјади години овде во оваа земја. И кога ќе поминете барем една седмина од овие 8 илјади години на овие краишта, тогаш можеме да зборуваме за албанскиот јазик. А заедно со овој јазик, во овие краишта, Албанците биле камења што никнале, а не од некаде фрлени. Направиле отпор со илјадници години и нема да ви пружаат отпор вас за овие 5-6 месеци владеење што ги правите или не знам на колку други влади ќе пружат отпор – вели Села.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk