Замрзнувањето на вработувањата по етничка припадност, одлука што денеска ја донесе Уставниот суд е политичка наредба на премиерот Христијан Мицкоски, тврди Зијади Села од Алијанса за Албанците.
Ова е политичка наредба на премиерот Мицкоски. Одлуката е погрешна и не враќа назад во минатото бидејќи се укинува едно право. Да не треба да сме радосни за ова. Јас сум од политичарите кои сметаат дека не треба во минатото да се гледа. Укинувајќи механизми значи се враќаме во минатото, затоа треба да се погледне некогаш во ретровизорот, праша Села во поткастот „Претрес“.
Според него идејата за обединувањето на албанските партии е да донесеме политичка одлука за зачленувањето во ЕУ и носење на Закон за правична застапеност.
-Протести ќе има, тоа е демократско право. Плашењето со дестабилизација е параноја. Протестите се реакција на политичките одлуки. Мицкоски згази на волјата на народот на изборите и тогаш требаше протести да има, рече Села.
Тој кажа дека целта на Законот за правата на бранителите и нивните семејства, кој е предложен, е дестабилизација на земјата
-И другите имаат права. Двете страни кои се судрија во 2001 треба да уживаат исти права. Тоа би бил добар почеток за да не дојде до дестабилизација, рече Села.
Села пред десетина години изјави дека ако се донесе Закон за бранители, ќе го запали Собранието. На прашањето дали сега ќе го пали Парламентот, тој одговори:
-Јас не го палев, други се тие кои го палеа Парламентот, алудирајќи на настаните од 27 април.