Home » Секоја жена која се подготвува за бременост мора да ги знае овие три работи

Секоја жена која се подготвува за бременост мора да ги знае овие три работи

by Журнал.мк

Бројни медицински студии покажаа дека нарушувањата како што се инсулинската резистенција, полицистични јајници („PCOS“), хипер и хипотиреоза можат значајно да влијаат врз плодноста и го отежнуваат зачнувањето.

„Според истражувањето објавено во „Jornal of Reproductive Medicine“, оптималната вредност на „TSH“ хормоните во текот на подготовката за вонтелесно оплодување треба да биде помеѓу 0,4 и 2,5 Miu/L („IVF“), бидејќи неправилните нивоа можат да го зголемат ризикот од спонтан абортус и неплодност. Уште едно истражување објавено во магазинот „Fertility and Sterility“ потврдува дека вредностите на „TSH“ над 2,5 Miu/L можат да бидат поврзани со намалената стапка на успешност на вонтелесното оплодување“, вели Дајана Шврака Милутиновиќ, магистер по фармација и исхрана и суплементација, која на својот инстаграм профил „@dashinasuperhrana“ активно споделува рецепти и совети за здрава исхрана.

Покрај правилната терапија, исхраната и суплементацијата играат клучна улога во регулацијата на овие нарушувања. Пред да започнете со каква било суплементација потребно е да ги проверите нивоата на витамините и минералите во организмот и да се консултирате со стручно лице за терапијата да биде соодветна за вашите потреби, вели Дајана.

Исхрана
Храна со низок гликемиски индекс – зеленчук, интегрални житарки и мешунки можат да помогнат во контролирањето на инсулинската резистенција и „PCOS“.

Исфрлање на глутенот – Стдијата објавена во „Human Reproduction“ покажува дека жените со необјаснет стерилитет имаат зачестена чувствителност на глутенот. Исфрлањето на глутенот од исхраната може позитивно да влијае врз плодноста, особено кај жените со автоимуни нарушувања како што е хашимото тиреодитис.

Внесување на протеини од растителни извори – Мешунки, јаткасти плодови и семки можат да придонесат за врамнотеженост на хормоните.

Омега – 3 масни киселини – Можат да се пронајдат во ореви, чија семки и мрсни риби.

Суплементација
Витамин Д – Студиите покажуваат дека ниското ниво на витаминот Д може негативно да влијае врз плодноста. Додавањето на овој витамин може да помогне за подобра хормонална регулација. Меѓутоа многу е важно прво да се провери нивото на витаминот Д во организмот.

Инозитол – Природниот суплемент кој може да ја намали инсулинската резистенција и да ја подобри овулацијата кај жените со „PCOS“.

Селен и јод – Тие се клучни за правилно функционирање на штитната жлезда, особено кај жените со хипотиреоза, но пред да се започне со консумирањето на суплементите мора да се провери нивното ниво во организмот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk