Home » Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран

Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран

by Журнал.мк

Премиерот Христијан Мицкоски очекува почитување на договореното за намалување на цените на производите а секој што се однесува спротивно на тоа, како што најави, ќе биде санкциониран.

„Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти“ рече Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница.

Во врска со информациите дека дел од маркетите ги покачиле цените неколку денови пред усвојување на оваа есенска кошничка изјави дека секој кој се однесувал неморално и неетички ќе биде санкциониран.

„Апсолутно, секој оној којшто се однесува шпекулативно и неморално и неетички ќе биде санкциониран“, дециден е Мицкоски.

„Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа во зависност од потребите на граѓаните. Производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи можеби се најкористени од граѓаните, така ќе биде и пред новогодишните празници, така ќе биде и напролет, цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите“, додаде Мицкоски.

Околу промените на раководството во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), каде се уште е директор од претходната власт, Мицкоски посочи дека ќе има промени.

„Не брзаме со овие кадровски промени за да не бидеме под критика на јавноста дека партизираме, итн. чекориме многу внимателно, сакаме да ги почитуваме сите закони за да не немаме после илјадници тужби и милиони пари на народот да се слеваат во приватни џебови и затоа внимателно чекориме во тој процес. Мислам дека набргу од денеска и таа работа ќе биде заваршена, ќе дојде ново раководство во ДПИ“, кажа Мицкоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk