Home » Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле

by Журнал.мк

Кај и да одиме, кај и да одиме, какви и да сме, што и да сме, Македонци сме, рече Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, како одговор на прашањето зошто потпретседателката на собранието, Весна Бендевска наместо уставното име, при свечената заклетва, употреби РС Македонија, додека премиерот Христијан Мицкоски ја користеше придавката Северна.

„Согласно уставот е Република Северна Македонија и тоа ќе биде почитувано секогаш во официјална комуникација. Секој Македонец е Македонец и Македонија е за него. Официјално, согласно уставот, сме Република Северна Македонија. Јас од позиција на официјален функционер, тоа ќе го почитувам и членовите на ЗНАМ исто така. На сите официјални средби, таму каде што мора и биде согласно уставот и законот, тоа ќе биде почитувано. Но, никој не може да ви забрани да ја нарекувате својата држава, така како што сте учеле цел живот. Ние од деца учиме дека има Вардарска, Егејска и Пиринска, така учевме нели? – И така сме создадени и израснати. Е, сега е важно како ќе учат наредните генерации. Одете на син ми и син ви, кажете им дека ова не е Македонија, дека ова е само Република Северна Македонија“, рече Димитриевски во студиото на Телма.

Според него, функцијата ја бараат политичарите, ја даваат граѓаните.

„Како и да е, граѓаните го имаат последниот збор. Сега да направите анкета, ќе видите дека 90 отсто од граѓаните ќе ви кажат Македонија, нема да ви каже ниту еден Северна Македонија. Но, ние ќе го почитуваме уставот, како составен дел на владата“, порача Димитриевски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More