13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

СЕИЗМОЛОГ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ! Хрватска во иднина ја чека ГОЛЕМА ДРАМА

Најчитани вести

Стравуваме многу дека ќе загинеме во земјотрес, но тоа се случува многу ретко…

Професор Луџи Џонс, една од најпознати сеизмолози во свет, рекла дека хрватските граѓани можат да очекуваат дека земјата ќе се тресе уште долго.

Иако не е можно со сигурност да се предвиди кога ќе се случи земјотрес, спрема научни сознанија и анализи, еден аспект не е случаен а тоа се дополнителни потреси.

– Околу пет до десет отсто дополнителни земјотреси се посилни од првиот, односно во пет отсто случаи, дополнителен потрес е посилен од првиот, а тоа го имаше Хрватска. Така што сега знаеме дека во Хрватска ќе се случуваат земјотреси и може да се очекуваат доста долго – рекла Џонс. Таа рекла дека земјотресите создаваат чуство на страв поголем од она што е вистинска закана по живото на луѓето.

– Многу се плашиме дека ќе загинеме во земјотрес, но тоа се случува многу ретко.

– Сватете дека се ова ве тера на страв, но она што ви следи вероватно ќе биде со помал интензитет од она што веќе ви се случи.

– Лошо изградените живеалишта веќе се срушени и сигурно дека се ќе оди кон подобро, така што вашиот автомобил вероватно е поопасен од земјотерес – порачала Џонсон на граѓаните на Хрватска.

Луис Џонсон е професор на Универзитетот CalTek, автор на повеќе од 100 научни трудови во кои анализира пукнатини и земјината кора и бара одговори на прашања зошто, кога и каде се случуваат земјотреси, можат ли да се предвидат и како се поврзани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести