Home » Сега навистина е крај: По раскинувањето, Богдан се иселил од вилата на Цеца

Сега навистина е крај: По раскинувањето, Богдан се иселил од вилата на Цеца

by Журнал.мк

По една година љубов, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот партнер Богдан Срејовиќ ставија крај на врската. Како што пренесуваат српските медиуми, Богдан веќе се иселил од вилата на Цеца, каде што живееја заедно со месеци, и изнајмил стан во Нов Белград.

– Штом раскинаа, Богдан си ги спакувал работите и се иселил од куќата на Цеца. Тој веќе изнајмил стан во близина на ресторанот во кој работи. Цеца и Богдан со месеци живееја во нејзината вила. Тие се договорија да не зборуваат за тоа во јавноста, така што за тоа знаеја само нивните заеднички пријатели, вели извор, близок до парот.

Како за потсетување, Ражнатовиќ и Срејовиќ се разделиле како пријатели, a Богдан останал во добри односи со целото семејство на Цеца.

– Веќе не сме во врска, но ќе останеме пријатели до крајот на животот, потврдија и двајцата за медиумите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More