На експресниот пат Штип-Кочани вчера наутро се судриле автобус и комбе, при што седум лица се повредени, од кои двајца потешко, соопшти полицијата. Повреден е и малолетник.
„На 11.10.2024 година, околу 06.50 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, атар на Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус ивеко, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.М.(49) од Штип и возило комбе фолксваген, со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(57) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.П.(63) и Д.П.(40), двајцата од Штип, сопатници во комбето, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.С. и сопатниците од неговото возило З.П.(62), Т.П.(30), Ј.С.(53) и малолетник, сите од Штип“, соопшти полицијата.
Повредените се пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кочани.