Home » Седум земји од ЕУ ја повикаа Венецуела да ги објави резултатите од изборите од сите избирачки места

Седум земји од ЕУ ја повикаа Венецуела да ги објави резултатите од изборите од сите избирачки места

by Журнал.мк

Седум земји-членки на ЕУ, меѓу кои Италија, Франција, Германија и Шпанија, денеска ги повикаа властите во Венецуела итно да ги објават резултатите од претседателските избори од сите поединечни избирачки места за да се обезбеди транспарентност на изборите одржани на 28 јули, соопшти кабинетот на италијанскиот објави премиерот Џорџa Мелони.

„Ги повикуваме властите во Венецуела веднаш да ги објават резултатите од сите избирачки места за да се обезбеди целосна транспарентност и интегритет на изборниот процес“, се вели во соопштението на седум земји од ЕУ, вклучувајќи ги Португалија, Холандија и Полска, пренесе Ројтерс.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г7 минатата недела ја изразија својата солидарност со народот на Венецуела во врска со нивната загриженост дека има измама во објавувањето на изборните резултати.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More