Home » Седум рани симптоми на мултиплекс склероза

Седум рани симптоми на мултиплекс склероза

by Журнал

Симптомите на мултиплекс склероза (МС) може да се појават уште во дваесеттите години, доаѓајќи и заминувајќи во неправилни интервали. Според Американското здружение за мултиплекс склероза, повеќе од два милиони луѓе ширум светот ја имаат оваа болест.

Првичната дијагноза не е секогаш лесна бидејќи некои од симптомите се прилично општи и можат да бидат поврзани со разни болести или состојби. Жените имаат два до три пати поголеми шанси да ја добијат оваа болест, а во продолжение прочитајте кои се најчестите рани симптоми на мултиплекс склероза, пишува City Magazine.

Лош вид

Нормално е да почувствувате одредени ефекти и дека на вашите очи им треба време да се прилагодат ако гледате во екранот осум часа секој ден на работа. Меѓутоа, ако дури и во деновите кога не работите или се занимавате со таква работа, забележите заматување на видот или губење на видот, задолжително посетете лекар, особено ако симптомите се појавуваат само на едното око.

– Некои пациенти го опишуваат проблемот со видот како да гледаат низ заматено стакло или низ вода, а понекогаш има и болка или тешкотии при движење на очното јаболко – објаснува Кетлин Костело, претседател на Американското здружение за мултиплекс склероза, пренесува Miss7.

Вртоглавица

Поради високите температури или големиот физички напор, сите понекогаш чувствуваме вртоглавица, но онаа што укажува на мултиплекс склероза најчесто се појавува како гром од ведро небо и удира со висок интензитет, така што може да предизвика и гадење или повраќање.

Секако, вртоглавицата може да биде и симптом на други здравствени проблеми, како што се низок крвен шеќер или низок крвен притисок. Во секој случај, доколку често чувствувате вртоглавица, најдобро е да се консултирате со лекар.

Хроничен замор

Заморот кој трае со недели и ве спречува да ги извршувате и наједноставните задачи секако е знак за загриженост и причина да одите на лекар.

– Луѓето кои страдаат од мултиплекс склероза го опишуваат својот замор како сеопфатен и толку силен што дури и едноставните задачи им се премногу тешки – објаснува Костело.

Вкочанетост

Бидејќи мултиплекс склерозата го напаѓа централниот нервен систем, логично е дека ќе влијае и на нервите, што може да резултира со вкочанетост. Значи, од крајност до крајност: може да бидете лишени од секакво чувство, на пример, во вашите раце или да добиете чувство слично како кога мравка или некој друг инсект шета по вас.

Проблеми со мочниот меур

Проблеми со мочниот меур се јавуваат кај 80 проценти од пациентите со мултиплекс склероза. Тие се манифестираат како постојано чувство на потреба за мокрење, а освен тоа може да се појави и истурена констипација, пренесува City Magazine.

Когнитивни и емоционални проблеми

Бидејќи нервниот систем е центар на нашите когнитивни и емоционални функции, не е ни чудо што мултиплекс склерозата може да предизвика проблеми во неговото функционирање. Околу 60 отсто од заболените се жалат на проблеми со извршувањето на повеќе задачи, концентрација или внимание, како и потешкотии со потсетувањето.

На полето на емоциите може да дојде до депресија, нервоза, нагли промени на расположението или „емоционални испади“, како што е неконтролирано и неиспровоцирано плачење или смеење.

Мускулна болка

Половина од луѓето кои страдаат од мултиплекс склероза живеат со секојдневна болка, која често е придружена со неконтролирани движења или слабост. Нозете обично се првиот дел од телото погоден од овие симптоми, а потоа и грбот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk