Home » Седници на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и на Законодавно правната

Седници на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и на Законодавно правната

by Журнал.мк

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

Единствена точка на дневниот ред на седницата на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, во второ читање.

Законодавно – правната комисија треба да ги одржи 68 и 69 седница, на кои пратеиците ќе расправаат по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, во второ читање, по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка и по Предлог на закон за изменување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во прво читање.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk