Home » Седницата за разрешување на Меџити и Алиу може да потрае неколку дена

Седницата за разрешување на Меџити и Алиу може да потрае неколку дена

by Журнал

Двајцата министри на Алијанса за Албанците, Фатмир Меџити и Азир Алиу, се појавија на седницата на која почна да се разговара за нивно разрешување, поздравувајќи ги, меѓу другото, поранешниот лидер на нивната партија Зијадин Села и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Премиерот Талат Џафери, рече дека предлага разрешување на министрите поради статусот на Фејсбук на шефот на АА, Арбен Таравари, како и статусот на министрите кои го поддржале. Џафери рече дека откако тие изразиле желба за соработка со опозицијата, техничката влада не дозволува во неа да има две опозициски партии.

Министерот Меџити смета дека неговото разрешување било наредено, а нагласи и дека за време на неговиот мандат се соочил со пречки за реализацијата на проектите.

Триесет и шест пратеници се пријавија за збор, што значи дека дебатата може да потрае неколку денови. Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците, кој го поддржува Таравари, рече дека разрешувањето на министрите не е предлог на партијата.

„Оваа одлука е паушална и има тенденција да изврши пуч во Алијанса за Албанците од страна на Владата, ако е вистина и да ги разреши министрите на Алијанса за Албанците. Ако тоа се случи, тогаш Алијанса за Албанците не се исклучува самата себеси од Владата, туку Владата ја исклучува Алијанса за Албанците од заедничкото владеење. Ако тоа се случи, а јас се надевам дека нема да се случи, тогаш тоа ќе значи дека Алијанса за Албанците повеќе нема никаква одговорност кон оваа Влада“, рече Халил Снопче, пратеник АА.

Поранешниот лидер на партијата, Зијадин Села, рече дека верува оти мнозинството ги има потребниот број за смена на двајцата министри.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk