Home » Седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна

Седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна

by Журнал.мк

Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена. Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Централниот комитет на партијата.

Како што се наведува во соопштението по средбата, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски го информирал претседателот и партијата дека општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа.

– Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите преземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани, се посочува во соопштението.

Мицкоски исто така информирал и дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да се сполни одговорноста на преземените ветувања пред граѓаните.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk