Home » Седница на Уставен суд

Седница на Уставен суд

by Журнал.мк

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 31-та седница, на чиј дневен ред се десет иницијативи за оценување на уставност и законитост.

Како што информираат од Судот, на седницата ќе се одлучува по иницијативи со кои се оспорени членови од Законот за даноците на имот, од Законот за управни спорови, од Законот за медијација, од Законот за организацијата и за единствената методологија на прибирањето, евидентирањето и обработката на податоци и информации за потребите на правосудните органи од интерес за целата земја, од Законот за изменување и дополнување на Изборниот Законик, од Законот за судовите, како и од Законот за јавнотото обвинителство.

На дневен ред, меѓу другите точки се и иницијативата со која е оспорен член 7 став 2 алинеја 1 во делот „надоместок“ од Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки од Владата на Република Северна Македонија од 3 септември 2024 година, како и Одлуката за донесување на Регулациски план на генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт С3 19, донесена од Советот на Град Скопје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk