Home » Себалјос покажа како изгледа неговиот зглоб после непријатна повреда

Себалјос покажа како изгледа неговиот зглоб после непријатна повреда

by Lina Muslija

Дани Себалјос нема среќа со повредите и тоа го оневозможи изминативе години да се наметне кај Карло Анчелоти, бидејќи секојпат кога имаше шанса да се докажува на стартот на сезоната, следеше подолга пауза од терените.

Сценариото се повтори и овојпат бидејќи Себалјос потешко се повреди на првиот старт кој го доби од италијанскиот стручњак, па наместо да се радува, сега ќе мора да паузира околу два месеци.

Иако се повреди уште во првото полувреме, Дани со повреден зглоб издржа уште половина час на теренот и на свои нозе излезе во 65-та минута, но по натпреварот станало јасно дека се работи за потешка повреда.

Себалјос има истегнување на лигаментите од трет степен и во следниот период ќе мора напорно да работи на рехабилитација, а во меѓувреме самиот реши да открие како изгледа неговиот зглоб.

– Еден ден помалку до враќањето на терените, – порача Дани.

 

 

 

 

 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More