Home » Се зголемува бројот на заразени од голема кашлица

Се зголемува бројот на заразени од голема кашлица

by Журнал

Во Центарот за јавно здравје – Скопје денеска биле регистрирани најмногу заразени од голема кашлица.

Во Скопје има 7 нови случаи, па вкупната бројка достигна 42. Најголем дел од зарзените се невакцинирани.

Како што информираат надлежните, под епидемиолошки надзор се најблиските контакти, а кај дијагностицирани што одат во училиште ги пребаруваат вакциналните картони во одделението или класот.

– За една недела имаме околу 550 вакцини дадено што е четирикратно повеќе од периодот пред да бидат дадени овие препораки. Секако дека треба уште повеќе, ние сме задоволни со оваа бројка но овој тренд треба да продолжи за да го стигнеме тој колективен имунитет кон кој се стремиме – изјавила за тв Сител д-р Бети Гелејчевска Илковска – пункт за имунизација „Букурешт“.

Според очекувањата на епидемиолозите, бројките на заразени се очекува да растат бидејќи има многумина што се уште не се заштитени од болеста.

И во соседството има многу случаи на пертусис, а таму има регистрирано и починати лица.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More