Home » Се зголемува бројот на заболени од белодробни заболувања

Се зголемува бројот на заболени од белодробни заболувања

by Журнал.мк

Хроничната опструктивна белодробна болест е се почеста во Македонија, но повеќето граѓани не знаат дека боледуваат од неа, вели д-р Димитар Каркински, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје. Според него, ако се земат предвид светски статистики, во Македoнија би имало минимум 100.000 заболени лица.Димитар Каркински, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Најчест симптом за белодробни заболувања е кашлањето, додека лекарите велат дека пациентите доаѓаат на преглед во поодмината фаза на болеста.

За подигање на свеста, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза денеска им понуди на граѓаните бесплатни прегледи. Постарите велат дека загадениот воздух им влијае многу лошо.

Лекарите препорачуваат дека првото нешто што треба да го направат пациентите за да спречат хронични белодробни заболувања е да престанат да пушат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk