Home » Се затвора полската фабрика каде се произведуваше легендарната „пегла“

Се затвора полската фабрика каде се произведуваше легендарната „пегла“

by Журнал

„Stellantis“ ја затвори традиционалната фабрика на „Fiat“ во полскиот град Биелско Биала, а без работа ќе останат 486 вработени – објави претседателката на синдикатот Солидарност Ванда Стржук, пренесува италијанската новинска агенција „ANSA“.

 

Потсетуваме, станува збор за фабрика на некогашната компанија FSM (Fabryka Samochodów Małolitrażowych) која под договор со „Fiat“ уште во раните 70-ти од минатиот век го произведувала моделот „Fiat 126p“, кај нас познат како „пегла“.

Последните години оваа компанија била главно место за производство на дизелски мотори 1.3 мултиџет, што делумно и објаснува зошто се затвора.

 

 

 

Некои од 486-те отпуштени вработени би можеле да пронајдат работа во другите фабрики на „Stellantis“ во Полска.

„Ова се вести од кои долго се плашевме. Сега ќе преговараме и за компензација“, рекла Стржук. Полските економски експерти тврдат дека распуштањето на традиционалната компанија, која започнала со производство на „Fiat 126“ во 70-тите години, означува крај на ерата одбележана со раст на Полска на европскиот и глобалниот пазар. Останатите фабрики на „Stellantis“ во Полска сè уште произведуваат „Fiat 600“ и „Jeep Avenger“. На овие модели наскоро би можел да им се приклучи уште еден „B-SUV“ модел.

 

 

 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More