Едно лице е повредено и хоспитализирано откако избувнал пожар во куќа во Тетово.
Како што информираат надлежните, противпожарните екипи се на терен и се интервенира со цел пожарот што побрзо да биде изгаснет.
– РЦУК – Тетово, известува за пожар на запалена куќа на ул.Јордан Златановски бр.32.
Во гаснењето на пожарот во моментот интервенираат 6 пожарникари со 2 ПП возило.
Едно лице се здобило со лесни телесни повреди и истото е пренесено во болница во Тетово – се наведува во известувањето од Центарот за управување со кризи.