Home » Се заострува состојбата: Пакистански авиони нападнале засолништа на милитанти во Иран

Се заострува состојбата: Пакистански авиони нападнале засолништа на милитанти во Иран

by Журнал

Пакистански борбени авиони нападнале наводни засолништа на националистички сепаратисти во соседен Иран, еден ден откако ирански дронови погодија исламистички борци во прекугранични напади, пренесе ДПА.

Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека воздушните сили ги гаѓале засолништата на сепаратистите во иранската провинција Систан во операција под кодно име Марг Барг Сарамчар.

Марг значи смрт на фарси и Сарамчар е терминот кој сепаратистичките милитантни организации го користат за да ги опишат нивните борци.

Иранската нова агенција Мехр соопшти дека најмалку седум лица загинале во нападите.

Пакистанските напади доаѓаат еден ден откако иранските власти соопштија дека гаѓале комплекс во пакистанската провинција Белучистан, кој го користат борците на групата Џаиш ал Адл.

Се верува дека Џаиш, сунитска милитантна група поврзана со Исламската држава во провинцијата Курасан (ISKP), извршила неколку смртоносни напади против иранската Револуционерна гарда и граничните сили во Систан во последниве години.

Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Мумтаз Балоч, рече дека Исламабад извршил одмазднички напади за да го одбрани својот суверенитет откако Иран ја наруши одбраната на земјата.

Пакистан, кој поседува нуклеарно оружје, и Иран за кој се верува дека се обидува да развие нуклеарно оружје, имаат проблематични односи.

Нападите од страна на Пакистан, каде живее сунитско мнозинство, и Иран каде доминираат шиити, ги ескалираа тензиите, по што регионалните сили Кина и Русија ги повикаа двете страни да покажат воздржаност и да не дозволат конфликтот дополнително да ескалира.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More