Home » Се враќа струјата во Црна Гора

Се враќа струјата во Црна Гора

by Журнал.мк

Речиси целото подрачје на Црна Гора остана без струја 40 минути, по што почна постепеното вклучување, пишува црногорскиот весник Побједа. Сепак, струја се уште нема во Далмација, БиХ и Албанија.

Во краткото соопштение за медиумите на Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС) се наведува дека проблемот бил прекин на црногорската електродистрибутивна мрежа.

Како што дознава Televizija Vijesti, меѓу градовите во Црна Гора цело време струја имале само Плевља и Жабљак.

Во исто време цела Босна и Херцеговина остана без струја, пренесува Дневни аваз. Во Сараево е особено хаотично, пишува весникот, каде од мрежата е исклучен целиот систем за сообраќајна сигнализација. Струја нема во Тузла, Брчко, Бања Лука, Мостар, Зеница, Јајце.

Танјуг, пак, јавува дека струја нема ниту во добар дел од Албанија, односно во градовите Тирана, Драч, Елбасан, Ѓирокастро, Скадар. Според првите информации причина е дефект на високонапонските водови.

Како што неофицијално дознава Хина од хрватскиот преносен систем, дошло до дефект на електричната мрежа низ три земји – прво почнало во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил Босна и Херцеговина, а потоа дел од Хрватска – цела Далмација, сите пат до Риека, наводно до трафостаница Бриње.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More