Home » Се враќа електричниот „VW e-Up!“

Се враќа електричниот „VW e-Up!“

by Журнал.мк

„Volkswagen“ го вклучи и „e-Up!“ во својата гама на возила во 2022 година, со цел да се спротивстави на електричен модел со пристапна цена „Dacia Spring“ на пазарот.

Германскиот автомобилски гигант престана да прима нарачки за овој модел на крајот на 2020 година, но продолжи да го произведува во 2021 година за да ги исполни своите обврски кон клиентите кои претходно нарачале возила.

Сега „Volkswagen“ одлучи повторно да го понуди малиот електричен автомобил на клиентите во Германија и низ Европа.

Овој основен електричен „VW“ во гамата на германскиот производител зазема позиција под моделот „ID.3“ и досега има продадено над 80.000 примероци.

Во Германија е достапен со пакетот опрема „Style Plus“, по цена од 26.895 евра со данок, но без државната субвенција од 9.570 евра, што значи дека крајната цена на ова возило на домашниот, германски пазар би била нешто над 17.000 евра.

За тие пари се добива мал градски автомобил опремен со батерија со капацитет од 32,2 kWh, што овозможува максимална автономија од 258 км, според стандардот „WLTP“.

Ако се полни на брз полнач од 40 kW, потребни се 60 минути за да се наполни батеријата до 80% од нејзиниот капацитет.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More