Home » Се уште не се знае дали од утре ќе почне да се применува контролата „One Stop Shop“ меѓу Македонија и Косово

Се уште не се знае дали од утре ќе почне да се применува контролата „One Stop Shop“ меѓу Македонија и Косово

by Журнал.мк

Еден ден пред стапувањето во сила на системот „One Stop Shop“ меѓу Македонија и Косово, ваква беше состојбата на граничниот премин „Блаце“.

Од раните утрински часови почна долгото чекање и на влезот и на излезот од државата за да се помине овој граничен премин. Оддалеку се слушаа сирените на автомобилите поради долгото чекање, додека граѓаните бараа побрзо да се изврши контролата бидејќи ќе мора да се соочат и со чекање за влез во Косово.

На граничниот премин Блаце се прават последните подготовки за функционирање на OneStopShop, каде граѓаните ќе имаат олеснување од долгото чекање на овој граничен премин. Граничниот премин кон Македонија ќе го контролира полицијата во земјава, а излезот ќе го контролира само косовската полиција.

За функционирањето на One Stop Shop, граѓаните велат дека тоа ќе биде олеснување за нив, особено во текот на летото кога на овој граничен премин има долги задржувања.

„Голем проток, но добро е да се воспостават процедури и да оди полесно. Се надеваме дека тоа ќе биде олеснето и ќе го олесни движењето“, вели еден граѓанин.

„Ти изгледа дека овде има ред! Треба да има ред. Срамота е, погледнете, влегуваат без ред“, реагира еден турски државјанин.

„Вака е секој ден. Од април се очекува да работи само со едно застанување. Не, никогаш нема да функционира, луѓето треба да знаат како да се движат, дури и ако нема граница сами си стварат хаос. Каде е вината? Полицијата е виновна што ги пушта без ред додека ние чекаме овде“, велат граѓаните.

“One Stop Shop” со Косово на границата Блаце-Елез Ан се очекува официјално да започне со работа на 1 април. По спроведувањето на граничната контрола, се очекува намалување на времето на чекање и метежот. Оваа форма на контрола беше планирана на почетокот на годината, но двете земји не успеаја да ги завршат поготовките, па рокот за нејзино спроведување беше одложен за 3 месеци.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk