Home » Сè уште гори на Галичица – 17 активни пожари во моментот, 13 се изгаснати, пет се под контрола

Сè уште гори на Галичица – 17 активни пожари во моментот, 13 се изгаснати, пет се под контрола

by Журнал.мк

Седумнаесет активни пожари во моментот, 13 се изгаснати и пет се ставени од вкупно 35-те на отворен простор што беа регистрирани денеска до 19 часот на територијата на цела Македонија, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

По два активни пожара има во Општина Македонски Брод, кај „Јасен“ – Белица и кај село Девич, во месноста викана „Вртешка“, два во Општина Кичево, кај селото Цер и кај селата Патеец – Козичино. Активен е пожарот на Галичица, во правец на селата Лескоец и Стење во општина Ресен, а на охридска територија кон месноста Војтино, информира ЦУК.

Активни пожари има и во општините Долнени, Новаци, Валандово, Пласница, Дебар, кај село Гари, Чашка, Македонска Каменица, Василево, општина Сарај, кај село Кондово, во Гевгелија и два пожара има во Струга, кај селата Велешта и Долна Белица и кај Мороишта и Мислешево.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Македонски Брод, кај село Грешница, во Демир Хисар, на Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, во Делчево, кај депонијата, два пожара во Општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше и на планина Мукос кон село Дреновци, Општина Прилеп.

Изгаснати се 13 пожари, од кои два во Пробиштип, потоа во општините Битола, Чешиново – Облешево, Пехчево, кај Негрево, во Ресен, кај селата Болно – Илино, во Кавадарци, кај Ваташа, месност викана Фуштани, во Куманово, кај локалитет Менкова Колиба. Изгаснати пожари има и во Старо Нагоричане, кај село Младо Нагоричане, Општина Желино, кај село Чифлик, во Општина Гостивар, кај селата Балиндол и Неготино во радовишкото село Подареш, каде гореше депонија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More