Home » Се укинува графата националност во матичните книги

Се укинува графата националност во матичните книги

by Журнал.мк

Националноста нема да се впишува во матичните книги. Уставен укина три члена од законот за матична евиденција кој предвидуваше, покрај другите податоци, и националоста да биде запишана во матичните книги на родени, на венчани и на умрени. Националноса е приватно и внатрешно чувство и ниту еден граѓанин не треба да биде принуден јавно да го манифестира или да му биде впишано во јавни исправи, оценил Уставниот суд.

„Уставниот суд oцени дека барањето на овој податок при впишување во матичните книги е во спротивност со темелната вредност на слободно изразување на националноста што е предвидено со членот 8, став 1, алинеја 2, од Уставот. Овој член го вклучува правото не само на слободно изразување на националноста, туку човекот, односно граѓанинот, да има можност да се изјасни за сопствената националност, но и правото да не се изјаснува за националноста, вклучително и правото да ја промени националноста што не беше случај со одредбите коишто се веќе укинати“, изјави Христина Беловска, портпарол на Уставен суд.

Овој закон е од 1995 година, но ова прашање се актуелизираше по упатството за матични книги кое лани го донесе министерот за правда Кренар Лога и со кое се воведе графа за етничката припадност, односно националност во изводите. Уставен го поништи упатството во септември, со образложение дека е пречекорен рокот од седум дена за објавување во „Службен весник“. Со денешниот предмет се оценуваше законот и конкретно графата за националност во изводите .

Министерот за правда реагирше и тогаш и сега. Денеска преку Фејсбук статус, Лога објавува дека гласањето на уставните судии било 5:3, односно дека имало надгласување од страна на судиите од мнозинството (54%) врз судиите од немнозинството (46%). Во продолжение ги издвојува и амандманот 6 од Уставот за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во државните институции, но и членот 8, односно алинејата според која темелна вредност на уставниот поредок е и слободно изразување на националната припадност .

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More