Уште еден мотоциклист повреден на скопските улици.
Како што соопштија од полицијата, вчера околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „Александар Македонски“ и ул.„16-та Македонска Бригада“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(52) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(52) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.