На 20.04.2025 во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник и мопед „шинерај“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетеник, двајцата од Велес.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот „јамаха“, констатирани во Општа болница Велес, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.