Home » Се стресе тлото во регионот: Земјотрес почувствуван во Хрватска, БиХ и Црна Гора

Се стресе тлото во регионот: Земјотрес почувствуван во Хрватска, БиХ и Црна Гора

by Журнал.мк

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван синоќа на југот на Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора и вознемири многу граѓани долж брегот на крајниот југ.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван во 0:52 часот, а епицентарот бил на околу 20 километри од Требиње во Босна и Херцеговина и на околу 70 километри од Подгорица.

Жителите на Дубровник и околните градови до ЕМСЦ пријавиле дека земјотресот бил почувствуван силно, но кратко, во реонот на бројни градови, од Мокошица, Осојник до Жупа и Конавле, пишува 24сата.хр.

Краткo, но интензивнo, силно загрме и стресе“, се најчестите коментари на голем број граѓани.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати на географска ширина 42,6277 и географска должина 18,4451.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата..

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk