Home » Се случува за првпат: Принцот Хари поднесе тужба – влегува во правна битка

Се случува за првпат: Принцот Хари поднесе тужба – влегува во правна битка

by Журнал.мк

Принцот Хари влезе во правна битка со владата на Англија откако беше одлучено да се откаже неговото обезбедување.

Адвокатскиот тим на принцот Хари, кој пред две години поднесе оставка од сите должности и функции на палатата, испрати писмо во кое наведува дека ќе побараат ревизија доколку принцот Хари и Меган немаат обезбедување за време на престојот во Англија. Доколку продолжи овој правен конфликт, можно е работата да стигне до Високиот суд и да дојде до борба меѓу министрите од една страна и принцот Хари од друга.

Ова би било првпат во историјата член на кралското семејство да преземе такви правни чекори, а извори блиски до Хари тоа го објаснуваат вака:

Едноставно кажано, пораката на Хари до државата е дека законите се лоши. Тој верува дека одлуката на државата да го укине неговото обезбедување е погрешна. Кога Хари дојде на погребот на принцот Филип, му беше обезбедено обезбедување. Меѓутоа, кога се врати ова летово Англија не доби обезбедување. Хари пристигна во Англија на погребот со своето приватно обезбедување, но на аеродромот беше пречекан и од придружба на Скотланд Јард“.

Јавноста е револтирана од одлуката на Хари и Меган да бараат обезбедување кое се финансира преку даноци, а во исто време се откажале од кралските обврски.

„Принцот Хари е роден со доживотен безбедносен ризик и заслужува заштита“, објаснува неговиот правен тим.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More