Home » Се реконструира внатрешноста на Спортската сала во Куманово

Се реконструира внатрешноста на Спортската сала во Куманово

by Журнал

Во тек се активностите за реконструкција на внатрешноста на Спортската сала во Куманово, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Финалното машинско чистење на подот се одвива деновиве, при што ќе се нанесе епоксиден материјал, а потоа ќе следува и местење на паркетот.

Претходно се работеше на реконструкција на боксерската сала и трибините, а целиот проект за промена на внатрешниот лик на спортскиот објект ќе чини 12 милиони денари.

Во проектот е предвидена и набавка на нова опрема и реквизити, а претходно беше сменета целосно кровната конструкција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More