Home » Се разведоа, но и по 28 години сѐ уште живеат заедно – Дали најскандалозната кралска двојка пак ќе стапи во брак?

Се разведоа, но и по 28 години сѐ уште живеат заедно – Дали најскандалозната кралска двојка пак ќе стапи во брак?

by Журнал

„Ние сме најсреќниот разведен пар во светот. Ние се разведовме еден со друг, а не еден од друг“ – рече во една пригода јатрвата на принцезата Дијана. Сара Фергусон, која беше во брак со принцот Ендрју, со години беше најскандалозниот член на британското кралско семејство.

Во британските весници се појави информација дека Кралот Чарлс ќе даде благослов ако неговиот брат, принцот Ендрју, одлучи да се прежени за неговата поранешна сопруга Сара Фергусон.

Ендрју и Сара важат за едни од најскандалозните припадници на кралското семејство.

„Иако на Ендрју веќе не му е потребна дозвола за да се ожени (им треба само на првите шест наследници во линијата), се верува дека нему многу ќе му значи благословот на кралот“ – стои во натписот на Daily Mail, каде се додава дека ако евентуално се случи, свадбата би била интимна и нема да може да се спореди со раскошната кралска свадба што парот ја имаше во 1986-та година.

Зошто врската на принцот Ендрју и Сара Фергусон отсекогаш привлекувала внимание? Името на принцот Ендрју со години наназад се провлекува во медиумите заради неговата поврзаност со осудениот криминалец и педофил Џефри Епстин.

Неговата поранешна сопруга, Сара, по разводот беше првиот член на кралското семејство што гостуваше кај Опра и ги „продаваше“ семејните тајни во медиумите за да заработи и да си ги отплати долговите.
se-razvedoa-no-i-po-28-godini-s-ushte-zhiveat-zaedno-dali-najskandaloznata-kralska-dvojka-pak-kje-stapi-vo-brak-07.jpg

Сара ја „тресеа“ голем број скандали. Ја обвинуваа за неверства, а таа се правдаше така што тврдеше дека во една година, својот сопруг го гледала само по 40 дена, затоа што тој постојано бил на море со кралската морнарица, а таа била сама во Лондон.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More