Home » Се разгорува ситуацијата на блискиот исток

Се разгорува ситуацијата на блискиот исток

by Журнал.мк

Силен чад се издига над хоризонтот на јужен Либан откако израелските трупи го нападнаа јужниот град Сидон, на околу 45 километри јужно од Бејрут каде што загинаа најмалку 32 лица, соопштија либанските власти, додека во провинцијата Баалбек Хермел загина 21 лице, а најмалку 47 се ранети.

„Она што се случува е нешто што никогаш не го очекувавме. Последното нешто што мислевме дека ќе се случи беше бомбардирањето на Бејрут, особено во областа Кола. Тоа е нешто огромно, неописливо, само погледнете ја сцената. Гледате, но не можете да ја опишете. Нема зборови што ја опишуваат ситуацијата, се разбира, сите се исплашени, но ние се потпираме на Бога“ изјави жител на Бејрут.

Заменик-лидерот на Хезболах вели дека е подготвен за израелска копнена офанзива, додека Израел ги известил САД дека планира да изврши ограничена копнена офанзива во Либан уште денеска, изјави американски официјален претставник на кој се повикува БиБиСи.

Привремениот либански премиер Наџиб Микати изјави дека Владата е посветена на итен прекин на огнот и распоредување на либански трупи на југ, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2006 година.

„Како Либанска влада, и по мојот повик и договор со претседателот Бери, ја потврдуваме нашата посветеност да ги имплементираме сите точки споменати во изјавата за прекин на огнот, вклучително и итен прекин на огнот со цел да започнеме разговори за целосна имплементација на Резолуцијата 1901“ изјави либанскиот премиер Наџиб Микати.

Во меѓувреме израелски трупи се распоредуваат на северот од Израел на границата со Либан, додека израелскиот премиер Нетанјаху се обрати до жителите на Иран, кој е главен спонзор во нападите на Хезболах.

„Зборувам многу за лидерите на Иран. Сепак, во овој клучен момент, сакам да ви се обратам – на народот на Иран. Сакам да го сторам тоа директно, без филтри, без посредници. Секој ден гледате режим кој потчинува, а вие, држите жестоки говори за одбрана на Либан, одбрана на Газа, сепак, тој режим секој ден го втурнува нашиот регион подлабоко во темнина и подлабоко во војна. Секој ден нивните марионети се елиминираат. Прашајте зa убиениот лидер на Хамас Мохамед Деиф. Прашајте за лидер на Хезболах Хасан Насрала. Нема каде на Блискиот Исток Израел не може да стигне“ изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во последните 10 дена во израелските напади беше убиен водачот на милитантната група Хезболах во Либан Хасан Насрала, а нејзиниот заменик Наим Касем вети дека Хезболах ќе продолжи да се бори со Израел и рече дека милитантната група е подготвена за долга борба дури и откако голем дел од нејзината врвна команда беше збришана.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk