Home » Се прегледуваат по 120 деца дневно, претходно имавме по 200

Се прегледуваат по 120 деца дневно, претходно имавме по 200

by Журнал

Бројот на заболени од сезонски грип варира од недела во недела. На Клиниката за детски белодробни заболувања „Козле“ состојбата е стабилна. Докторката Мирјана Поповска вели дека претходните две недели во амбулантата дневно се вршеле до 200 контроли, а сега до 120.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на четвртата недела од јануари, бројот на заболени од вирусот е зголемен за 9,5 отсто. Граѓаните велат дека се свесни дека грипот се уште е присутен и мора да се внимава.

„Мора да бидеме внимателни, дефинитивно, но и времето го прави своето. Скоро сите имавме грип, се справуваме некако, малку полесно го поминав со движење, инаку некои поминаа полошо”, рече еден граѓанин.

Досега од почетокот на сезоната на грип регистрирани се 7 жртви меѓу кои и две бебиња. Според податоците на Институтот за јавно здравје, вкупниот број на заболени од грип за оваа сезона изнесува над 7.000 заболени, што е зголемување за 37 отсто во однос на претходната сезона./

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More