Home » Се повредил затвореник, на пат кон болница починал

Се повредил затвореник, на пат кон болница починал

by Журнал.мк

Затвореникот Д.Ф.(35) од Скопје вчера во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје искршил стакло, се повредил, по што почнал обилно да крвари. Починал на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Како што информира денеска МВР, случајот вчера, во 12.35 часот, бил пријавен во СВР Скопје од Казнено-поправната установа Идризово. Настанот се случил околу 12 часот во установата, во просторија за посети.

Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More