Home » Сè помалку бебиња во источниот регион

Сè помалку бебиња во источниот регион

by Журнал.мк

Наталитетот во источниот регион е во надолна линија. Во најголем дел од населените места бројот на бебиња за десет години е преполовен. Минатата година во болницата во Кочани се родиле само 22 бебиња. Податоците од последниот попис покажуваат дека за две децении бројот на жители во источниот регион е намален за околу 30.000.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пред десет години во седум општини на истокот бројот на бебиња бил трицифрен. Во 2023 година само Штип и Кочани имаат над сто бебиња, останатите се скоро на половина од пред десет години. Берово од 116 бебиња во 2015, преклани имал само 65 новороденчиња, Виница од 184 падна на 80 бебиња, а Делчево од 125 на 69. Ваквата состојба се чувствува и во родилиштата на истокот.

Минатата година во штипската болница, каде се породуваат мајки од брегалничкиот регион, на свет дошле 418 бебиња. Во Кочани пред десет години имало 354 бебиња, предминатата година 169. Минатата во кочанската болница на свет дошле само 22 бебиња.

Намалениот број бебиња во државните болници делумно се должи на одливот на пациенти од истокот во приватните болници и во скопските родилишта, но во најголем дел ова е резултат на намалениот наталитет и иселувањето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk